МИЛОШЕВСКИ ХЕМ ДООЕЛ од Скопје е основана во 2003 година како приватно претпријатие. Основна дејност на претпријатието е трговија на големо со хемикалии, опрема, консалтинг и инженеринг во сите области од прехранбената индустрија, индустријата за пијалаци и професионалната хигиена.
МИЛОШЕВСКИ ХЕМ ДООЕЛ е генерален увозник и дистрибутер на македонскиот пазар за професионални средства за чистење и дезинфекција од познатата германско-австриска компанија Werner&Mertz professional која поседува ISO 9001, ISO 14001, како и EMAS сертификат за заштита на животната средина. Средствата се концентрати со највисок квалитет.
МИЛОШЕВСКИ ХЕМ ДООЕЛ, исто така, е увозник и дистрибутер на македонскиот пазар за професионален алат и четки за чистење во сите области на прехранбената индустрија од познатата германска компанија HAUG BURSTEN, како и дистрибутер на реномираната италијанска компанија ВЕМА за уреди за пенење што се употребуваат во прехранбената индустрија и во индустријата за производство на пијалаци.
Во 2009 година МИЛОШЕВСКИ ХЕМ ДООЕЛ стана ексклузивен увозник и дистрибутер на реномираната германска компанија TENSID CHEMIE GmbH, специјализирана за производство на средства за чистење и дезинфекција, како и за средства за подмачкување транспортни траки во индустријата за пијалаци, влучувајќи ги индустриите за млеко и млечни производи, винарската индустрија, пиварската индустрија, индустријата за сокови и минерална вода, како и за алкохолни пијалаци.
МИЛОШЕВСКИ ХЕМ ДООЕЛ, од 2014 е увозник и дистрибутер на македонскиот пазар за професионален машини од програмата на NILFISK (сива линија) за цистење и одрзување на хигиената, во хотели, индустријата, болниците, маркетите, трговски центри , плоштади, улици итн.
За средствата кои ги дистрибуира на македонскиот пазар, МИЛОШЕВСКИ ХЕМ поседува соодветни сертификати за квалитет и здравствена исправност, како и решенија на Биоцидите за пуштање во промет од овластените македонски институции.
МИЛОШЕВСКИ ХЕМ, од страна на добавувачите WERNER&MERTZ и TENSID CHEMIE, редовно се едуцира и се информира за тековните достигнувања во врвната хигиена, како и за примена на нови средства и опрема.
По повеќегодишното искуство, високиот квалитет на производите, како и беспрекорната техничката поддршка, МИЛОШЕВСКИ ХЕМ стана лидер на македонскиот пазар во сите области на апликативната хигиена.