Погледнете го нашиот широк спектар на производи. Имате можност да филтирате по бренд или соодветно по вашата потреба.
Овој автомат е внимателно дизајниран да ја подобри продуктивноста и да ги намали вкупните трошоци за чистење. Овие бенефиции се постигнати со низа технички карактеристики кои водат до најефикасна потрошувачка на вода и детергент.
Дозирањето се регулира автоматски, синхронизирано со брзината на движење на автоматот. Поради ова, операторот треба да се фокусира само на возењето на машината.
SC8000 нуди попродуктивно, помоќно еколошко решение за чистење и сушење големи површини, максимално штедејќи ги ресурсите.Ефикасноста е оптимизирана бидејќи со едно поминување површината зад себе ја остава совршено исчистена и сува, а линијата на чистење е најширока што може да се најде на пазарот за оваа класа на машини. Има две изведби на машините, едната работи на гас а другата на дизел.
Серијата VL500 нуди перформанси и сигурност при достапна цена, а воедно има предности кои го прават чистењето полесно, побрзо и побезбедно.
Главната карактеристика на овие машини е двојниот филтерски систем кој овозможува всисување на цврсти и течни материи истовремено, без менување филтри или вреќи. Идеална е за хотели, сервиси за чистење, јавни простории, како и за производствени и индустриски апликации.
МИЛОШЕВСКИ ХЕМ ДООЕЛ е увозник и дистрибутер на голем спектар на светски брендови кои се докажани на глобалниот пазар во областа на делување.