+389 2 2618651
Понеделник - Петок : 08:00 - 16:00

Производи

Погледнете го нашиот широк спектар на производи. Имате можност да филтирате по бренд или соодветно по вашата потреба.


image of Nilfisk SC430 автомат

Nilfisk SC430 автомат

Машини за одржување под
Совршен избор за едноставно и редовно чистење на затворени простории. Работи на батерии и доаѓа со полнач. Машината е компактибилна со сите додатоци на Нилфиск. Особено е добра при собирање течности.
image of Nilfisk SC450

Nilfisk SC450

Машини за одржување под
Во препознатливиот стил на Nilfisk, SC450 комбинира перформанси, сигурност, продуктивност и удобност при работа со врвно дизајниран и ефикасен автомат. SC450 функционира одлично на подовите на училишта, болници, продавници, складишта, канцеларии. Машината е лесна за одржување и има низок степен на конзумирање на вода, детергенти и енергија.
image of Nilfisk SC500

Nilfisk SC500

Машини за одржување под

Овој автомат е внимателно дизајниран да ја подобри продуктивноста и да ги намали вкупните трошоци за чистење. Овие бенефиции се постигнати со низа технички карактеристики кои водат до најефикасна потрошувачка на вода и детергент.
Дозирањето се регулира автоматски, синхронизирано со брзината на движење на автоматот. Поради ова, операторот треба да се фокусира само на возењето на машината.

image of Nilfisk SC8000

Nilfisk SC8000

Машини за одржување под

SC8000 нуди попродуктивно, помоќно еколошко решение за чистење и сушење големи површини, максимално штедејќи ги ресурсите.Ефикасноста е оптимизирана бидејќи со едно поминување површината зад себе ја остава совршено исчистена и сува, а линијата на чистење е најширока што може да се најде на пазарот за оваа класа на машини. Има две изведби на машините, едната работи на гас а другата на дизел.

image of Nilfisk SM800 – метларка

Nilfisk SM800 – метларка

Машини за метење под
Оваа рачно управувана метларка е идеална за чистење мали и надворешни простори. Може да собира хартија, лисја, па дури и штрафови, клинци, завртки, пикавци и може да се користи внатре, како и надвор. Наоѓа примена при брзо чистење складови, мали фабрики, трговски центри, канцелариски простории, паркинзи итн. Има рачка за управување отпорна на ‘рѓа, и користи две главни и две странични метли.
image of Nilfisk SW750 – метларка

Nilfisk SW750 – метларка

Машини за метење под
Батериски напојувана метларка со широка примена, од продажни центри до бензински станици. Со соодветен додаток за килими можат да се чистат и меки подови. Доаѓа со полнач. Има многу ниско ниво на звук па може да се работи и во области каде постои ризик од вознемирување.
image of Nilfisk VL100

Nilfisk VL100

Правосмукалки за суво и влажно
VL100 е совршениот избор кога е потребно брзо и ефикасно чистење. Машината е целосно компактибилна со сите аксесоари за правосмукалките за суво. Добар и сигурен избор за сервиси за чистење, институции и слично.
image of Nilfisk VL200

Nilfisk VL200

Правосмукалки за суво и влажно
Оваа правосмукалка е компактна и лесна за употреба, употреблива и за суво и за влажно смукање. Опремена е со Push&Clean систем за чистење филтри и конвенционален начин за складирање аксесоари.
image of Nilfisk VL500

Nilfisk VL500

Правосмукалки за суво и влажно

Серијата VL500 нуди перформанси и сигурност при достапна цена, а воедно има предности кои го прават чистењето полесно, побрзо и побезбедно.
Главната карактеристика на овие машини е двојниот филтерски систем кој овозможува всисување на цврсти и течни материи истовремено, без менување филтри или вреќи. Идеална е за хотели, сервиси за чистење, јавни простории, како и за производствени и индустриски апликации.

image of Nilfisk VP100

Nilfisk VP100

Правосмукалки за суво
VP100 е едноставно решение за едноставни работи. Правосмукалката е целосно компактибилна со другите аксесоари на Нилфиск за правосмукалки за суво. По завршувањето со работа, целата правосмукалка се пакува компактно.

Брендови

МИЛОШЕВСКИ ХЕМ ДООЕЛ е увозник и дистрибутер на голем спектар на светски брендови кои се докажани на глобалниот пазар во областа на делување.

Контактирајте не

Адреса

Ул. Орце Николов бр.206, 1/1/1-8, 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон

+389 2 2618651

Факс

+389 2 2618651